Македонија е стабилна и безбедна држава, постојано сме во комуникација со нашите сојузници и продолжуваме да даваме значителен придонес кон зацврстување на колективната безбедност на Алијансата, истакна денеска на прес конференција македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски.

-Буџетот е над 2%, вчера слушнавме од главните луѓе на НАТО дека сме над 4% во тотал, тоа навистина е голема вест за нас но и за државата бидејќи инвестираме во сите капацитети, односно во сите делови каде што одбраната смета, односно каде што дополнителни вложувања можеме да дадеме, изјави Мисајловски.

Проблемите од лошото планирање од претходно во изминатите две години успеавме да ги решиме и се се исплаќа согласно колективниот договор, рече Мисајловски.

-Во изминатите две години имавме проблеми, односно во делот на лошото планирање од претходно, каде што најдовме начин целосно да исплаќаме се што е по колективен договор и мислам дека оваа тема веќе ја затвараме и на радост на сите се се исплаќа согласно колективен договор. Уште подобра вест е тоа што минатата недела започнавме со преговори, со една конструктивна средба со сите синдикати како да направиме нов колективен договор а се разбира тука да бидат опфатени и зголемување на платите на Армијата пред сè, појасни министерот.

Мисајловски во својот отчет информираше дека е започнат процес за сите припадници на Армијата кои наполниле 45 години да останат во Армијата.

-Започнавме процес како да помогнеме на сите што полнат 45 години за војниците каде што мора да ги пофалам од Началникот до неговиот цел тим каде што направи одлично решение, кое е претставено на сите синдикати каде што во наредниот период ќе разговараме за добрите страни но и за она што може да се измени и во наредниот период ќе влеземе во процес дали има потреба на измена на Закон или само во делот на формацијата, да помогнеме сите овие луѓе да останат во министерството, иако сега постојат опции да останат во министерството, сакаме да бидат дел од Армијата бидејќи тие луѓе вредат и заслужуваат да останат во Армијата и така ќе го завршиме овој процес, дециден е минстерот Мисајловски.

Во делот на модернизација, согласно буџетот и она што е планирано ги сервисираме сите обрски, какко што знаете стигнаа сите ЏИВАТИ возила, во понеделник на пристаништето во Солун стигаат сите страјкери, така што до крајот на месецот ќе имаме нова можнот каде што ќе го заокружиме целиот овој процес на договорот со САД, каде што во тотал имаме договори од околу 339 милиони евра, информираше Мисајловски.

-Од новите договори со САД, сакам да информирам дека потпишаме договори за лесно пешадиско воружување, набавка на безпилотнио системи, опрема за сајбер заштита на единициете за лесната пешадиска баталјонска група, опрема за сајбер заштита на Министерството за одбрана, опрема за џеј таг, за блиска воздухопловна поддршка, радио уредни, надградба на симулацискиот центар во Велес, технички публикации, каталог на резервни делови, тренинг и обука на кадарот, но започнавме уште нови договори каде што во следниот период ќе се заокружи процесот и во владата ио во Собранието, појасни министерот Мисаловски.