Објавувањето на новата анкета преку медиуми блиски до Орбан не е случајност. Тоа е јасен показател за паниката која владее во организираната криминална група предводена од шефот на тендерската банда, Христијан Мицкоски, се наведува во соопштението на СДСМ кое МИА го пренесува интегрално.

Нема одговори за катастрофалната состојба во економијата. Нема одговори за тешкиот живот на граѓаните. Нема пари во буџетот. Нема пари ниту за пензии. Затоа – анкета. За помалку од две години, Владата на Мицкоски се задолжи за над 2,5 милијарди евра. Кој знае колку скриени кредити се кријат преку јавните претпријатија. Буџетот е празен, а пари за криминалните, наместени тендери за првите луѓе на Мицкоски почнуваат да недостасуваат. Затоа сега доаѓаат нарачаните анкети.

Мицкоски на сила ја укина техничката влада. Сега на сила се обидува да протурка изборен закон кој отвора можност за кражба на гласови. Во исто време, на сила се обидува да ја протурка Платформата за сопствената иднина – новиот ЗНАМ 2.0. Сè мириса на предвремени избори. Сака да го продолжи мандатот затоа што не му се оди на факултет. Таму нема приватни државни авиони за патување на море.

Од сè што е надвор од неговата фотелја, го болат колената. Го болат уште од клечењето и молењето за власт. Додека клечеше и го лажеше целиот македонски народ. Кога не кажа дека сите имаат бугарски државјанства и европски пасоши како и приватни фирми во Бугарија. Само да знаат граѓаните: Орбан исто така објавуваше вакви анкети. Резултатите ги видовме.

Граѓаните ќе победат. Ќе ја вратиме власта во рацете на народот.

СДСМ