Втора недела по ред СДСи Венко Филипче се занимаваат со Игор Ивановски и неговата новата платформа за спас од лепливите рачиња на Заев кој одамна ја киднапираше партијата.
Во најновата епизода од Бихаќка, Венко, Јон и Богданка распалија по Игор Ивановски Шема, нарекувајќи го саботер и политички опортунист. Повторно, виновен им е кој друг, ако не претседателот на ВМРО-ДПМЕН, Христијан Мицкоски.
„Игор Ивановски, познат и како „Шема“, во 30-минутното интервју за националната телевизија ниту еднаш не го спомена Христијан Мицкоски. Ниту еднаш.Затоа што не може да ја напаѓа својата шема. Човекот кој се претставува како алтернатива, како „опозиција на опозицијата“ и како демократ, во моментот кога СДСМ минува низ најсериозниот период на консолидација (нешто не разбрале во СДС, ова е одење во пропаст, не консолидација) , од удобната фотелја и матните политички кулоари се обидува да тргува со партискиот супстрат. Во 2024 и 2025 година имаше внатрепартиски избори. Зошто тогаш Ивановски не направи своја реформска програма и не се кандидираше против Венко Филипче? Зошто не побара доверба од членството кога беше на високи позиции? Наместо тоа, денес однадвор, заедно со луѓе од други партии, се обидува да ја слабее и дели СДСМ. Таканаречените реформски крила во СДСМ денес не се ништо повеќе од политички опортунисти. Тоа не е реформа. Тоа е класично саботирање.“, срочија промуќурно во СДС поради уплавот од новата платформа која сума-сумарум има 10 пати повеќе стари социјадемократи, иако се само 30-на на број. Кредибилитетот, на страна, е повторно кај реформаторите.
Очекувајте ја новата епизода од расколот во СДС, серијал кој граѓаните го нарекоа „Вака ли крајот мириса?“
Извор: Курир




