По Игор Ивановски Шема и Славјанка Петровска и Андреј Петров се најде на удар на СДС. Богданка и Јон по налог на Венко Филипче распалија по довчерашниот сопартиец и во повеќе наврати висок функционер на СДС. Најмногу ги разлути што кај Васко ефтов го издаде карактерот на Венко Филипче и призна дека „не вреди да се преговара со него бидејќи не го исполнува она што ќе се договори“. 

Затоа, како што пишува Курир, ифрит лути и извадени од кожа му вратија со овие зборови. Многу зборови.

-„Петров отворено вели дека два пати разговарал со Венко Филипче, но дека „не вреди да се преговара со него бидејќи не го исполнува она што ќе се договори“ – што значи дека претседателот Филипче не сака да прави што му вели оваа група која работи за Мицкоски. 

Наместо да се соочи со фактот дека токму тој и неговите соработници беа дел од тимот кој ја креираше програмата и ја водеше кампањата во 2024 година, тој сега се позиционира како некој кој „сака да ја спаси СДСМ“. 

Прашањето е од кого да ја спаси? 

Особено е цинично кога Петров вели дека Игор Ивановски е решението за брза консолидација и дека анкетите во членството покажуваат дека тој би победил на регуларни внатрепартиски избори. 

Сега сакаат да го наметнат Игор Ивановски “Шема” преку притисок однадвор и со луѓе кои ја рушеа партијата во 2024,  заедно со луѓе од ЗНАМ и некои членови на други партии, а не преку демократски процес во партијата.

Андреј Петров во емисијата рече дека „Пет члена да останат во СДСМ, јас ќе бидам СДСМ“. Можеби целата желба или задачата е партијата да остане на 5 членови.

Многу е полесно да се каже тоа отколку да не се превземе одговорност за тоа што се случи во 2024 година кога тој беше еден од најодговорните за резултатот. 

Оваа иницијатива не е обид за реформа. Тоа е обид на луѓе кои директно учествуваа во поразот да се ребрендираат како спасители, додека во исто време ја напаѓаат партијата однадвор во момент на нејзина консолидација.

„Андреј Петров не е никаков реформатор“ заклучи Богданка во име на Венко.

Претходно, Шема го нарекоа саботер.

И тој бил купен од Мицкоски, нормално за СДС. Ако е против урнисувањето на СДС по Заев рецепт, мора да е така. Така беше и со Шилегов, како и со Деспотовски. Го купиле и Петар Арсовски, секако. Списокот е долг. Предолг.

Значи, ако некој не сака СДС да пропаѓа, тој е купен од Мицкоски?

Во таа превртена СДС логика, Христијан Мицкоски сака да ја спаси СДС?

Темни, СДС води…

Премногу е, дури за СДС, со или без иљачот на Јон.

Извор: Курир