Денешната прес-конференција на Венко Филипче е доказ за конфузијата и хаосот кој владее во СДС. Веројатно ниту Венко Филипче не знае зошто држеше прес со милион теми а ништо конкретно и суштински. СДС е во паника и хаос поради стравот од избори и нивен пораз затоа го блокираат Изборниот законик обединети со ЛЕВИЦА И ДУИ – се посочува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ што МИА ја пренесува интегрално.

Венко Филипче зборува за реформи а не може ниту сопствената партија да ја реформира.

Ако Венко сега бара експертска група за Изборен законик зошто преговараше за истиот 4 месеци во Собранието. Како сега се сети дека му требаат експерти.

Филипче е контрадикторен, од една страна вели треба во ЕУ час поскоро, а го кочи новиот Изборен законик кој е директива од ЕУ.

Филипче нема ниту визија, ниту план за сопствената партија а уште помалку за државата, доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

ФОТО: Архива