До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде во деновите од викендов кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени – соопшти УХМР.
Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени.
Фото: Архива




