Три лица кои вчера беа пријавени за исчезнати, се пронајдени починати синоќа во превртено возило „Мерцедес” на патот ГП Блаце – Скопје, соопшти МВР.

– На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце – Скопје има превртено возило „мерцедес” со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и е утврдено дека во возилото има три починати лица (едно машко и две женски лица). Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, наведува МВР.

Претходно, во 13:40 часот, во полициската станица Бит Пазар, државјанин на Косово пријави дека три лица се исчезнати, а последен контакт имал со нив на 18.07.2026 околу 22:15 часот, кога тие биле на аеродромот во Скопје.