Северна Кореја го отфрли повикот на министрите за надворешни работи на АСЕАН за „целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров по мирен пат“ и најави дека ниту еден момент нема да запре да го надградува нуклеарното оружје.
Сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо-џонг апелот на АСЕАН го оцени како уште еден показател на непријателство кон „одговорна нуклеарна држава“.
Ставот на Демократска Народна Република Кореја е дека нуклеарното одвраќање е најголемиот штит на националниот суверенитет … Што и да кажат другите, ставот и значењето на постоењето на ДНРК како одговорна нуклеарна држава што ја одржува рамнотежата на моќта и ја обезбедува геополитичката безбедност на и над Корејскиот Полуостров се конечни и неповратни, наведе Ким.
Регионалниот форум на АСЕАН е единствениот регионален мултилатерален безбедносен форум што ги вклучува Јужна и Северна Кореја. Но, Северна Кореја не учествуваше на неодамна одржаниот Самит на АСЕАН во Манила. Тоа е второ последователно отсуство на Пјонгјанг, што укажува дека Северна Кореја е фокусирана на зајакнување на односите со Русија и со Кина.




