Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, во емисијата ,,На прва“, на МРТ1, информираше дека е подготвен образец за пријавување на штетите, кој граѓаните можат да го подигнат во Општината или да го преземат од веб-страницата.
,,Ние имаме образец и формирана комисија која ќе прави увид и проценка на штетите. Образецот е во нашата општина, може да го подигнат, може и на веб сајтот да го најдат. Со образецот треба да достават увид, извештај од полициската станица. Со така комплетирани документи, кои ќе можат да ги видат во образецот, попднесуваат кај нас барање за штетите“, истакна Лукровски.
Тој додаде дека комисијата ќе ги разгледа сите пристигнати барања и ќе изврши увид на терен, по што ќе биде изготвена проценка на штетите.
,,Комисијата која ја формиравме, претежно луѓе кои се занимaваат со тоа, од нашите вработени во општината, на следен совет таа ќе ја верификуваме, ќе ги собереме сите барања, ќе излезе комисијата на терен, ќе направи проценка на штетите. Она што сме благодарни на премиерот и Владата, тие понатаму на она што ќе го дадеме ние како побаравуње како општина, ќе исплатат. Максимум до 10% од штетата“, рече Лукровски.




