Лицата кои лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вчера во Ново Село ги нарече „деца“ се осудени насилници и трговци со дрога, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
Тој рече дека Филипче со вчерашната прес-конференција во Ново Село се обидел да го сврти вниманието и како жртви да ги претстави лицата со кои бил фотографиран.
– „Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување на дрога и наркотични средства по член 215 од Кривичниот законик, кажа Манасиевски.




