СДС и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со Ново Село покажуваат тотална дезориентираност, едноставно не знаат каде тераат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник и осуденик.

Тој практично со неговата изјава денес од Ново Село потврди дека кажувањата на ВМРО-ДПМНЕ се точни, односно дека станува збор за правосилно осудени лица на условна казна затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства.

Децата како што вели Филипче, се практично роднини на лицето кое него го направи претседател на СДС, Зоран Заев, роднини кои учествувале во незаконски дејствија.

Ова е уште една потврда дека ова не се децата, туку дека е талогот на Македонија. Ова е срамот на Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ