Мицкоски денеска објави видео по повод 35 години независност. И што видовме? Промоција на државотворната политика на СДСМ, вели во својата реакција на Фејсбук претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
– Во видеото е Киро Глигоров. Во видеото се најголемите успеси на Македонија. Во видеото недостасува само влезот во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ – дело на СДСМ. Сè што е позитивно во овие 35 години носи потпис на СДСМ. Затоа во видео нема место за Груевски. Затоа нема место ниту за оваа влада. Мицкоски сакаше да се пофали. А всушност покажа кој навистина ја градел државата. Покажа зошто Македонија може да биде горда, пишува во објавата Филипче.
Корисниците на социјалните мрежи со потсмев реагираат на оваа реакција од Филипче и потсетуваат на многуте злодела што неговата партија ги направи кон Македонија за седумгодишното владеење.
Со реакција се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија истакнуваат дека е штета што и овој пат СДСМ е на погрешната страна.
-Згрозени сме од нивото на политичка култура на Венко Филипче и од начинот на кој политизираат нешто што граѓаните го разбираат и прифаќаат како народна прослава на независноста. Искрено жалиме што СДС нема капацитет да ја види големата слика и да го надмине сопствениот талог. Не сме изненадени, но сме разочарани од тоа што денес претставува ова раководство на СДС, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Видеото ги прикажува почетоците на Македонија како самостојна држава, од прогласувањето на независност, воведување на сопствената валута денар, преку големиот број спортски и културни успеси, како и лица од јавниот живот преку кои Македонија е широко позната како држава.
https://www.facebook.com/reel/1496330345857778
Линк до објавата на Филипче: https://www.facebook.com/filipce.venko




