Во периодот јануари – јуни 2026 година вкупниот број на туристи е намален за 0,5 отсто во однос на истиот период лани. Кај домашните туристи намалувањето е за 3,1 процент, а кај странските има зголемување за 0,3 отсто. Намален е и вкупниот број ноќевања за 1,5 отсто – кај домашните туристи е забележан пад за 3,3, а кај странските за 0,7 проценти.
Во јуни 2026 година 113.436 туристи оствариле 221.608 ноќевања. Од вкупниот број туристи 22,8 отсто биле домашни, а 77,2 процента странски. Ноќевањата биле 29,2 отсто од домашни, а 70,8 проценти од странски туристи.
Најмногу странски туристи во јуни 2026 година дошле од Турција (24.570), Србија (8.522), Германија (4.396) и Бугарија (3.207).
фото: архива




