Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои девет се активни, два се под контрола, а 16 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во Општина Студеничани – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во Општина Кичево – село Тајмиште и месноста Дарда, во Општина Липково – кај селото Никуштак, во Општина Крушево – кај селата Белушино и Јакреново, во Општина Врапчиште – кај село Ломница, во Општина Желино – кај село Церово, во Општина Тетово – кај село Бродец и во Општина Прилеп – кај село Бонче.

Под контрола се пожарите на депонијата во Делчево и кај прилепските села Чаниште, Крушевица, Лопатица и Дуње кон Црна Река.