Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд одлучи стартот на новата сезона во Премиер лигата да го започне и со нова фризурата.
Откако сподели низа фотографии на социјалните мрежи од процесот на шишање, Халанд на неговиот ЈуТјуб канал објави видео од моментот на шишање објаснувајќи зошто се одлучил за ваков чекор.
Напаѓачот на „Граѓаните“ вели дека сакал косата да ја скрати по завршувањето на Светското првенство, но не успеал поради големиот број обврски. Затоа сега, на стартот од новата премиерлигашка сезона се појави со нов зглед.
Она што особено привлече внимание во видеото кое го објави, се реакциите на Пеп Гвардиола и Златан Ибрахимовиќ, откако Халанд преку видео повик им покажа што направил.
-Што е ова? Загуби облог? Блокирај ме и избрши ми го бројот. Ќе бидам искрен со тебе, секогаш сум искрен. Ќе бидеш побрз сега?, го праша Ибрахимовиќ во видео повик.
Претходно, Халанд истакна дека Златан му кажал никогаш да не се шиша бидејќи во неговата коса е силата.
-Нема шанси. Среќен си што имаш коса, јас би сакал да ја имам. Не се секирај, ако не ти се допаѓа, ќе порасне, му рече Пеп на Халанд.
Фудбалерот нагласи дека не е кае и новиот изглед му се допаѓа.




