Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со Џек Џозеф, раководител на британските работни групи за миграција за Балканот и Африка и со вршителот на должноста амбасадор на Обединетото Кралство, Даниел Фиелер.

-На средбата ја потврдивме заедничката определба за натамошно продлабочување на соработката меѓу Македонија и Обединетото Кралство во областа на граничната безбедност, справувањето со организираниот криминал и јакнењето на регионалната полициска соработка. Посебен акцент ставивме на активностите во рамки на Заедничката работна група за миграција, преку која со координирани активности работиме на откривање и сузбивање на организираниот криминал поврзан со нелегалната миграција во регионот, објави Тошковски на својата Фејсбук страна.

МВР

Министерот истакна дека продолжуваат да градат силни партнерства со меѓународните партнери, затоа што заедничкото и координирано дејствување значи побезбедни граници и поголема безбедност за сите граѓани.