Македонската машка кошаркарска репрезентација се најде на 65. место на најновата ФИБА ранг-листа, објавена по завршувањето на четвртиот квалификациски прозорец за Светското првенство 2027.
Македонија сега има 237,7 бодови и се спушти едно место во однос на претходното рангирање.
На врвот и натаму се САД со 952,3 бодови, пред Германија со 877,4 и Франција со 870,9.
Французите ја прескокнаа Србија, која сега е четврта со 870,6 бодови. Во топ 10 се уште Канада, Шпанија, Австралија, Аргентина, Турција и Литванија.




