Додека народот едвај врзува крај со крај, додека цените растат, а платите стагнираат, Мицкоски трупа нови долгови, нови милијарди на грбот на народот. Па уште и ги лаже граѓаните, го фингира долгот заедно со Кочовска. Откако претседателот на СДСМ, Венко Филипче објави дека Владата донела одлука за ново задолжување од 1,3 милијарди евра, Мицкоски два дена молчеше. Вчера Мицкоски немаше каде – призна дека ја носи Македонија кон долг од 12 милијади евра, се вели во соопштението на СДСМ од дешенатпрес-конференција на Симона Цветановски, членка на ИО на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Но видовме  и дека е  Мицкоски несмасно се обиде да ја лаже јавноста за тоа што го фингираат јавниот долг.

Денеска ги разобличуваме сите лаги на Мицкоски.

1.Ако било задолжувањето од 1,3 милијадри евра за 2027 година, како што вели Мицкоски зошто брзала владата да одлучува 5 месеци порано?

И клучно, зошто не ја соопштија таа одлука во јавноста туку ја сокрија?

Одговорот е едноставен: пари нема. Касата е празна. Владата не може да ја затвори ниту оваа фискална година без нови долгови.
2.Изјавата на Мицкоски дека долгот од 350 милиони евра на ЈПДП не влегува во јавен долг е чиста лага, очаен обид да се спаси од одговорност за кршење закон.

Законот за јавен долг е сосема јасен: во јавен долг влегува и гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата.

Мицкоски и Кочовска го фингираат јавниот долг, спротивно на законот – а за тоа следува кривична одговороност.

3.Не постои никаков рамковен заем., ЈПДП е оставено пред колапс и смислено извадено од буџетските расходи.

Откако ги потрошија милионите евра од кредитот, за да не биде блокиран од страна на доверителите за тековното работење, ЈПДП криминално доби ургентни позајмици од МНАВ, Државна Лотарија и други државни институции.

Кога беше откриен овој скандал за кој следуваат кривични пријави за над 15 лица, следуваа нови кредит од 40М евра со цел тие средства се вратат.

Тоа брзо враќање на овие средства нема да ја намали кривичната одговорност на сите инволвирани а посебно не на наредбодавецот Мицковски.

4.Кога Мицкоски ја споменува ковид пандемијата треба да знае дека граѓаните не се наивни и многу добро знаат. Додека владата на СДСМ 2 милијарди евра врати кај граѓаните за да им помогне и да ги сочува работните места а Филипче спасуваше човечки животи – Мицкоски со неговото обезбедување шеташе по теретани и кафани.

Илјадници лекари, здравствени работници 24 часа се бореа за секој човечки живот, граѓаните седеа во своите домови и ги почитуваа мерките за зашта, јавноста го гледаше Мицкоски во теретани и кафеани.

Но ова е само обид на Мицооски за дефокус – да избега од вистинската тема.

Мицкоски и неговата организирана криминална група ја носат Македонија кон 12 милијарди евра долг.
Пред доаѓањето на Мицкоски се плаќале 120 милиони за камати сега 350 милони евра за камати.

Додека граѓаните стануваат посиромашни, државата станува сè позадолжена.

Тоа е економијата на Мицкоски: празни џебови за народот, празни фрижидери и 4 милијарди нов долг врз грбот на народот за само 2 години.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: СДСМ