Кремљ ја предупреди Литванија дека нејзината територија би можела да биде цел на руски нуклеарен напад арсенал доколку Вилнус прифати распоредување на западно нуклеарно оружје на литванска територија.

– Доколку нуклеарно оружје биде распоредено на оваа територија насочено кон нас, тогаш и територијата на оваа земја ќе биде под нишанот на нашето нуклеарно оружје, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Претходно оваа година, Литванија соопшти дека планира да ја отстрани од Уставот забраната за распоредување нуклеарно оружје на нејзина територија до крајот на годината. Но, и покрај најавите за укинување на забраната, Вилнус постојано нагласува дека нема планови за распоредување нуклеарно оружје во Литванија.

фото: Архива