Во изминатиот период постигнавме значаен напредок во развојот на капацитетите на Балканските медицински наменски сили (БМНС), што се исклучително значајна регионална иницијатива. На денешниот состанок на земјите членки на БМНС, во Брдо, Словенија, разговаравме за натамошниот развој, поголемата видливост и преземањето нови одговорности на оваа регионална иницијатива – соопшти министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

– Пред нас е можност да направиме нов исчекор во развојот на БМНС и да ги зајакнеме нејзината улога и придонесот не само во регионот туку и пошироко. Македонија како постојано седиште на Командата и водечка нација на БМНС во период 2026 – 2028 година има јасна визија. Ние ја поддржуваме идејата за разгледување на можностите БМНС да даде свој придонес и надвор од Балканскиот Регион за што ќе бидат потребни заедничка волја и посветеност од сите земји членки – напиша министерот на „Фејсбук“.

Фото: Фејсбук-страница на министерот за одбрана Владо Мисајловски