Во Њујорк, денеска, се отвори 81. Генерално собрание на Обединетите нации.

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на седница на Генералното собрание на Обединетите нации.

-Место каде што се среќаваат светските лидери и се отвораат важни прашања за мирот, безбедноста, развојот и иднината на меѓународната соработка, истакна тој.

 

Премиерот учествуваше на самитот на партнери за мултилатерализам, организиран од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, заедно со лидерите на Кенија и Канада, Вилијам Руто и Марк Карни, јави специјалниот известувач на МИА од Њујорк.

На самитот присуствуваше и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како и лидерот на Австралија, Ентони Албанезе, министрите за надворешни работи на Индија и Бразил, српскиот претседател Александар Вучиќ и други светски лидери.

Сесијата на Генералното собрание ја отвор генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутиереш, како и претседателот на Генералното собрание, Калилур Рахман, од Бангладеш. Од светските лидери, најочекувано беше обраќањето  на претседателот на САД, Доналд Трамп.