Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска во Њујорк, каде заедно со делегацијата што ја предводи присуствува на Генералното собрание на ОН и треба да учествува на состанокот на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан, имаше средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, јави специјалниот известувач на МИА од Њујорк.

-Остварив средба со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ на која разговаравме за европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи, регионалната соработка и важноста од продолжување на реформските процеси согласно европските стандарди, пишува Мицкоски на својот фејсбук профил.

Продолжуваме, додава премиерот Мицкоски, со отворен и конструктивен дијалог со нашите европски партнери, во насока на градење посилна, стабилна и просперитетна иднина за граѓаните.

Фото ФБ Христијан Мицкоски