Преку 250 милиони денари инвестираме во Радовиш за подобрување на инфраструктурата и развој на општината. Отворени сме за соработка, доколку општината има готови проекти ние сме подготвени да ја подржиме, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Алксандар Николоски при посетата на општина Радовиш.

Министерство за транспорт

„Само во еден инвестициски циклус, само преку Министерството за транспорт, во различни проекти инвестираме околу 250 милиони денари, што мислам дека ќе се согласите е една сериозна сума која што претходно не е видена како инвестиција во општината. Дали се работи за директни проекти преку Министерството за транспорт или се работи преку Македонија пат или се работи за владини програми, кога сите проекти ќе се соберат, се доаѓа до оваа сума што е платена во општината. Ќе продолжиме да ја поддржуваме во следниот период, отворени сме за нови проекти и ќе продолжиме да работиме на нови проекти“- изјави Николоски.

Министерство за транспорт

Тој истакна дека Владата во континуитет ќе овозможува поддршка на општините во инфраструктурни проекти.

„Oвде во Радовиш работевме проект на улицата „Илија Алексов“ во урбаниот блок 15. Генерално, гледате дека ги поддржуваме многу општините. Веќе е активен вториот повик каде што апликациите доаѓаат од општините. Имаме средства кои што се во рамките на Министерството за транспорт што можат да се искористат, доколку општината има готови проекти, ние сме спремни да ги подржиме“ – истакна заменик претседателот на Владата, Николоски.

Тој денеска во Радовиш ќе присуствува и на културни настани, за како што рече ќе придонесе за зачувување на традицијата и развој на локалната економија.