Времето денеска ќе биде со ведро и студено утро, а преку денот ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Најниска температура утрово е измерена во Берово – 4 степени. Во Битола температурата беше еден степен, во Скопје-Петровец, Маврови Анови, Струмица, Демир Капија, Тетово два, на Попова Шапка, Крива Паланка, Прилеп три, во Велес и Куманово 4, во Штип, Кавадарци, Гевгелија, Охрид, 6 Скопје-Зајчев Рид, Крушево и Претор пет и во Виница седум степени.