Премиерот Христијан Мицкоски смета дека ставовите на опозицијата за македонската економија не треба да се коментираат бидејќи, вели тој, се далеку од вистината.
-Економијата се движеше директно во банкрот до 2024 година, но за среќа, успеваме некако да ја консолидираме во екстремно тешки услови кои во моментов се во светот. Можам да кажам дека состојбата е стабилна и сите параметри укажуваат на тоа дека во моментов македонска економија е многу постабилна од било која економија во регионот, па и пошироко, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот посочи дека во последните два месеци од третиот квардат извозот расте со речиси 11,5 проценти, на сметка на увозот кој е околу 8,5 проценти.
-Ова значи дека побрзо расте извозот отколку увозот во услови кога нашите најголеми трговски патнери, ЕУ, имаат одредени предизвици кои мислам дека се историско, барем во последните децении по Втората Светска војна, најголеми. Ценам дека тоа е успех и поллитиката на Владата заедно со оние субвенционирани кредити кои компаниите ги земаа за да инвестираат во понапредно производство, резултираат со зголемена инвестициска активност, но и со зголемен извоз, посочи Мицкоски.
Мицкоски претходно се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.
Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.
Извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во Собранието.




