Европската комисија денеска соопшти дека издвојува уште 1,24 милијарди евра од заемот за Украина за да ѝ овозможи на земјата да набави дронови, пресретнувачи на дронови и сродна муниција, како и ракети произведени во Украина.

Заемот, во вкупен износ од 90 милијарди евра за оваа и следната година, предвидува 60 милијарди евра за одбрана, а преостанатите 30 милијарди евра за буџетска поддршка.

Оваа година се планирани исплати од 28,3 милијарди евра за украинската одбранбена индустрија. Дополнителни исплати ќе продолжат во наредните недели, се наведува во соопштението на ЕК.

Комисијата објаснува дека ЕУ ѝ помага на Украина да ги задоволи итни потреби на бојното поле. Од 2022 година, ЕУ ѝ обезбеди на Украина вкупна поддршка од 228,7 милијарди евра, вклучувајќи 3,8 милијарди евра од приходите од руски средства замрзнати според европските санкции, прецизира ЕК.

Фото: архива