Во СВР Скопје вчера во 11:50 часот било пријавено дека на улица „Радишанска“ настанал пожар на терасата од куќата сопственост на П.С. (73) од Скопје. Пожарот, според пријавеното, настанал откако П.С. запалила стари алишта, при што била зафатена балконската врата. Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Н.Д. (39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против С.К. (48) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 21.01.2016 година првопријавениот, вработен во приватна фирма од Скопје, издал лажна потврда за исполнети технички барања на товарно возило, сопственост приватна фирма од село Лески. По ова, второпријавениот, и покрај тоа што во доставената документација за наведеното возило, имало очигледно несовпаѓање на податоците за годината на производство наведени во царинската декларација и потврдата издадена од првопријавениот, издал согласност за регистрација на наведеното возило.
Денеска во 02.20 часот во СВР Скопје, Л.У.(37) од Скопје пријавил дека на вчера околу 23.00 часот на улица „Филип Втори Македонски“, додека извршувал работни задачи во катна гаража, физички бил нападнат од С.Н. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Во СВР Скопје денеска во 02:00 часот В.А.(38) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 00.30 часот на улица „Кеј 13-ти Ноември“ физички бил нападнат од три лица. Сочинети записници за констатирани прекршоци по член 12 и член 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И. (27) од село Мала Релица, тетовско, И.М.(38) и Љ.М.(28), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. На 02.10.2018 година околу 07.30 часот во сендвичара на улица „Благоја Тоска“ во Тетово пријавените физички ги нападнале сопствениците Л.М.(22) и Л.М.(26), двајцата од Тетово.