САД го зачуваа дипломатскиот канал со власта на претседателот Николас Мадуро во Венецуела, иако го сметаат за нелегитимен и ја признаваат власта на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо како „привремен претседател“, изјави во средата специјалниот американски пратеник, Елиот Абрамс.
– Имаме контакти со режимот, мислам на режимот на Мадуро, во врска сме со него бидејќи не загрижуваат прашања како што е сигурноста на Американците, изјави за новинарите во Вашингтон, новиот специјален пратеник на американската дипломатија за Венецуела.
Тој појасни:
– Од поодамна, со повеќе земји имаме контакти со личности кои немаат наше дипломатско признавање. Тоа не е проблем кога е во интерес на САД, истакна Абрамс.
Претседателот на Народното собрание Хуан Гуаидо пред една недела се прогласи за привремен претседател и САД одма го признаа.
Претседателот Мадуро возврати со прекин на дипломатските врски со Вашингтон и нареди протерување на сите американски дипломати.
Но, американскиот државен секретар Мајк Помпео не прифати, истакнувајќи дека САД повеќе не ја признаваат власта на Мадуро и вети дека американската амбасада во Каракас ќе остане отворена. Дел од службениците, сепак, се повлечени во САД.