Приврзаниците на албанската Демократска партија фрлаа денеска камења кон зградата на Министерството за образование во Тирана, а во текот на собирот пред тоа министерство, каде е најавен и протест на студентите, демонстрантите запалија контејнери.
Полицијата одговори со употреба на воден топ за да ги растера собраните.
Симпатизерите на албанската Демократска партија претходно ги запалија столчињата што албанскиот премиер Еди Рама ги постави пред зградата на албанската Влада како покана до студентите за дијалог.




