Најмалку 46 луѓе загинаа во судирот на два воза во Шпанија, јавија локалните медиуми. Во несреќата што се случи на железничката линија што ги поврзува Мадрид со регионот Андалузија има и голем број повредени.

„Железничкиот сообраќај на линијата за брзи возови Мадрид – Андалузија е прекинат поради судир на два воза“, објавија шпанските железници на X.

Шпанскиот весник „Ел паис“ објави дека екипите за итни случаи се на терен. Истиот весник наведува дека два вагона излетале од шините. Според „Ел паис“, несреќата се случила кратко по 9 часот наутро по локално време.

Судирот се случил на делот помеѓу Лос Јебенес и Урда во покраината Толедо.