Александар НИКОЛОСКИ, вицепремиер и министер за траснпорт

Денеска остварив работна посета на општина Кичево и извршивме увид во реконструкција на улица Рудничка.
Ова е проект што се реализира преку Министерството за транспорт во соработка со општината, каде вкупно се инвестира околу 30 милиони денари.
Преку различни програми кои што ги има Владата, вкупно инвестираме околу 360 милиони денари или околу 6 милиони евра во инфраструктурен развој на Општина Кичево.
Ова е втората фаза од изградбата, првата фаза веќе се заврши, ја работевме заедно со Светската банка, така што кога ќе се заврши и втората фаза, ќе имаме еден прекрасен булевар кој што ќе се протега во овој дел на градот.
Продолжуваме со поддршка на Општината во соработка со градоначалникот, со пратеникот и со сите останати кои што даваат поддршка на Општината, со цел реализација на нови проекти.
Веќе зборуваме за нови проекти, а сега тука се и најголемите проекти за Кичево, тоа е автопатот Охрид-Кичево, каде што имаме одлична динамика. Тука е автопатот Кичево-Букојчани кој што почна да се гради на 11 октомври.
Ќе продолжиме да го поддржуваме Кичево!