Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз на гостувањето во Халкида од Грција со 29:24 во дуелот од 2 коло од квалификациската група. Нашата репрезентација одигра лошо прво полувреме во која противникот ги искористи своите шанси и на полувреме имаше предност од 16:9.

На почетокот на вториот дел Грција имаше водство и од 19:10, но македонскиот тим успеа да намали на 19:13. Во финишот на дуелот домашната репрезентација повторно имаше предност од девет разлика – 28:19 и 29:20, но со серија од 4-0 во последните минути македонската репрезентација стигна до негатива од 29:24.

Михаил Статис кај Грција и Филип Кузмановски кај македонскиот тим, двајцата со по 7 голови беа најефикасни. Голмнаите Петрос Буковинас кај Грција и Македонецот Мартин Томовски имаа по 11 одбрани.

На вториот дуел од групата Луксембург – Шведска 20:50.

Шведска е прва во групата пред со 4 бодови, македонските ракометари имаат 2, колку и селекцијата на Грција, а Луксембург е последен без бод.

Македонскиот тим следниот натпревар го игра на домашен терен со Шведска на 10. март 2027 година.