За време на директниот пренос од ракометнкиот натпревар меѓу грчките и македонските ракометни репрезентации, на графиката стоеше кратенка NMKD.
Од РФМ има реакција, која ја обjавуваме во целост:
Ракометната федерација на Македонија ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција, во врска со употребата на несоодветната кратенка за нашата држава за време на телевизискиот пренос од денешниот натпревар меѓу Македонија и Грција.
Ракометната федерација на Македонија смета дека ваквите пропусти се неприфатливи и очекува соодветна реакција од надлежните институции, како и преземање мерки за спречување на слични ситуации во иднина, се вели во објавата на РФМ.




