Хакери оваа недела упаднале во системот што Министерството за земјоделство на САД го користи за вршење плаќања на земјоделците, објави денеска Ен-Би-Си Њуз, повикувајќи се на двајца поранешни службеници на министерството.

Министерството ги известило вработените за инцидентот во четвртокот, рекоа поранешните службеници.

Досега, упадот е ограничен на базата на податоци за плаќања.

Сепак, поранешните службеници предупредуваат дека компромитираниот систем може да послужи како „последна врата“ за пристап до почувствителни информации, вклучувајќи податоци за безбедноста на храната и истражувања за болести кај животните.