Опозицијата ќе остане разочарана. Алта банка ќе се спаси, а парите ќе останат кај граѓаните.

Ова попладнево го истакна премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќањето на годишната конференција на Унијата на млади сили.

-Погледнете како дезинформираат и манипулираат со последниот случај со Алта банка која е всушност увезен проблем затоа што мајката банка во Србија пропадна. Среќа во очите им излегуваше што мислеа дека ќе пропадне банката и луѓе ќе загубат пари. Притоа многу лесно го заборавија случајот со Еуростандард банка каде луѓето вистински загубија пари преку свесно и намерно обезвреднување на капиталот на банката. Притоа директно ме нападнаа дека јас нешто наводно сум договарал,а тие самите години наназад започнале деловни односи со Алта Банка Србија и со истиот тој сопственик за што покажав и документи. Па потоа почнаа да шират информации и делат обвинувања дека наводно можел да ја купи банката некој криминалец. Морам да им кажа дека ќе останат разочарани, а граѓаните задоволни. Банката ќе се спаси. И парите ќе останат достапни за граѓаните. Жална вест за опозицијата, добра и среќна за Македонија, рече Мицкоски.