Две годишно дете е во исклучително тешка ситуација и неговиот живот е во опасност откако паднало од третиот спрат на болница во Варна.
Бугарските медиуми известуваат дека лекарите прават се за да му го спасат животот, но не даваат никакви гаранции.
На местото на настанот има полиција и истражители. Детенцето било во болницата со мајка си. Мајката го пуштила само за миг од раце за да проговори со некого по што се случила трагедијата.