ВМРО-ДПМНЕ: Потпретседателот Мисајловски и официјално ги објави имињата на деветте партиски кандидати за претседателската трка

/ 05.02.2019

Девет лица доставиле кандидатура во ВМРО-ДПМНЕ за да бидат кандидат за претседател од оваа партија. Една од пријавите била доставена по изминување на рокот, па останати се девет кандидатури.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска ги обелодени имињата на кандидатите кои ги исполниле условите:

-Никита Шектукоски, доктор по математички науки и редовен професор на природно-математичкиот факултет во Скопје, член на Институтот за математика;

-Ѓорѓи Манасков, машински инженер и претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија;

-Васко Костов, фармацевтски техничар;

-Влатко Ѓорчев, правник, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ;

-Гордана Силјановска Давчева, редовен професор на Правниот факултет во Скопје, член на Институтот за правни и политички науки, катедра за уставно право и политички систем;

-Илија Димовски, професор во пензија на шумарски факултет при УКИМ во Скопје;

-Филип Петровски, доктор на политички науки и поранешен директор на Државниот архив;

-Горан Анѓелов, пратеник, поранешен градоначалник на општина Виница во два мандати и претседател на ЗЕЛС во еден мандат;

-Сашо Кутлешоски, доктор по земјоделски науки;

Овие лица со нивните програми ќе учествуваат на претстојната Конвенција на 16-ти февруари во Струга.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможи на сите пријавени, еднаков пристап до ОК на партијата во периодот од 6-ти до 16-ти февруари, со цел презентација на нивната програма и визија за Македонија. Сите кандидати ќе имаат еднаков третман и еднакви можности да бидат избрани, согласно принципите и демократијата. Транспарентноста и демократијата на овој процес, со цел да биде избран кандидатот кој ќе го претставува мнозинското мислење на граѓаните и ќе работи согласно законите и уставот, во полза на сите граѓани, порача Мисајловски.

Партискиот потпретседател посочи дека ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја повикува власта да престане да ги става партиските и личните интереси над државните и да распише предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.

-Државата повеќе нема време за губење. Република Македонија не смее да продолжи да тоне. СДСМ кој во изминативе две години, донесе само неуспеси, мора да си замине, порача Мисајловски.


Од истата категорија