Претседателот на Бугарија Румен Радев ја демантира министерата за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, дека бил баран контакт со него, но тој, како претседател, наместо тоа, претпочитал да се огласи преку социјалните мрежи, соопштил бугарскиот Канал 3.

Радев појаснил дека ден пред да се состане бугарскиот Совет за безбедност, ја испратил својата позиција до извршната власт.

„Основниот проблем е дека бугарската Влада нема своја позиција за Венецуела, туку станува збор за препишана позиција. Така што јас и немам со кого да разговарам“ рекол Радев.

Тој додал и дека изразува чудње што бугарската Влада го бара за прашањето за Венецуела, но не го барала кога станувало збор за договорот со Македонија.

Радев истакнал и дека кога бугарската Влада зборува за острата, социјално-политичка, хуманитарна и емигрантска криза во Венецуела, треба да биде внимателна, за да не се случи бугарскиот народ да прави споредба со лошата состојба во Бугарија која, според него, во голема мерка се должи на Владата.

„Да видиме колку Бугари ја напуштиле нашата држава, кога веќе сакаме да зборуваме за туѓи кризи“, рекол Радев.