Од почетокот до крајот на судската постапка за „Тенк“, Судот располагаше со докази само во вид на копии и копии на копии, изјави адвокатот Сања Алексиќ, а пренесува Курир.
-Ни велеа да се стрпиме и дека во фазата на изведување на доказите Судот ќе ги снабди истите во оригинална форма, но тоа не се случи. Со што претставува преседан во судството и суштествена повреда на Законот за кривична постапка, тврди адвокатот на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ во својата жалба до Апелација за предметот „Тенк“.