На 01.03.2019 00,10 час. во Полициското одделение Зајас, било пријавено дека во с. Трнодол во угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир од страна на У.З. од Кичево, кој бил заедно со уште две лица.

Тој откако не бил послужен како што побарал, почнал да фрла шишиња и други предмети. По добиената пријава, полициски службеници излегле на местото на настанот.

На 01.03.2019 во 09,40 часот, Н. Д. (39) од Скопје, пријавил дека на 28.02.2019 година околу 23,30 часот на бул.„Асном“, од страна на две лица бил нападнат и му било извршено разбојништво, при што му е одземен паричник и мобилен телефон.

На 01.02.2019 околу 21,30 часот полициски службеници кои постапувале по пријава-поплака од К. Ш. од Скопје за нејзиниот сопруг С. Л. (48), биле нападнати од С.Л.

При обид да го лишат од слобода, С.Л. го стартувал возилото и удрил во полициски службеник, кој се здобил со телесни повреди. С.Л. е приведен во ПС-Гази Баба. Против С.Л. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.03.2019 година околу 03,35 часот во Скопје пријавено е дека на ул.Призренска Д.К. со употреба на физичка сила од М. О. (40) одзел паричник, по што избегал.

На 02-03-2019 год во 01:15 ч. С.Г (39) од Скопје пријавил дека во нас.Илинден пред угостителски објект била физички нападната неговата сопруга М.Г(40)од Скопје од страна на С.Д(49) од Скопје. Потоа С.Г и М.Г се качиле во своето возило и се упатиле кон автопатот, а по нив тргнале напаѓачот и неколку други лица, при што удриле во задниот дел од возилото на С.Г.

МВР соопшти дека се работи на целосно расчистување на случаите.