Холивудскиот актер Џони Деп покрена судска постапка против неговата поранешна сопруга, Амбер Херд, обвинувајќи ја за клевета, објави Би-би-си. Во декември минатата година, Херд, која исто така е актерка, напиша статија за „Вашингтон пост“, во која ги опишува реакциите со кои се соочила, поради тоа што зборувала за семејното насилство.
Во тужбата на Деп, се наведува дека “никогаш не ја злоупотребил Херд и дека тврдењата се дел од елаборирана измама, со цел да се подобри кариерата на неговата поранешна сопруга.
Тој бара отштета од 50 милиони американски долари.
Херд најпрво го обвини Деп за семејно насилство во мај 2016 година, една година по нивната венчавка. На Деп му беше наредено да се држи настрана од неа, а двојката се разведе во 2017 година.