Почна Светското фудбалско првенство во фудбал 2018 чиј домаќин е Русија. Британската поп-ѕвезда Роби Вилијамс го почна полчасовното шоу со песната „Дозволи ми да те забавувам“, а „Енџелс“ ја пееше во дует со оперската дива Аида Гарифулина.
Топката на центарот ја донесе Викторија Лопријева, а првиот шут го изведе Роналдо заедно со момчето кое го живее својот фудбалски сон.
На стадионот Лужњики на кој имаше 80.000 гледачи се обратија претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин и на ФИФА, Ѓани Инфантино.
Со мечот Русија-Саудиска Арабија и официјално почна Светскиот куп. Вот рката за пехарот на ФИФА ќе се борат 32 репрезентации. Тука се и светските ѕвезди Роналдо од Португалија и Меси од Аргентина, веројатно играјќи ги последните првентства.
Од нашиот регион фудбалската чест ја бранат Хрватска и Србија.
Еден месец фудбал!