Ако Велика Британија побара одлагање на напуштањето на Европската унија, ќе биде неопходно лидерите на државите од Унијата да бидат едногласни во одлуката. Тоа го изјави портпарол на Европската комисија.
– Ќе треба државите членки да го разгледаат барањето и да дадат приоритет за неопходноста да се обезбеди функционирање на институциите на ЕУ и да се анализираат причините за такво барање како и должината на евентуалното одлагање, изјави портпаролот.
Тој додаде дека претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер одржува постојана врска со сите лдиери.
Лидерите на државите од ЕУ ќе имаат средба на 21 и 22 март во Брисел. Се очекува тогаш да донесат одлука за евентуално одлагање на брегзит по 29 март.