Полицијата ги избркала сите демонстранти од зградата на РТС, пренесува српска Политика повикувајќи се на Танјуг кој има известувач од лице место.

Некои од демонстрантите се обиделе повторно да влезат во зградата но не им било дозволено.

Полицијата направила жива оградата пред зградата и не дозволува демонстрантите повторно да влезат, пишува Политика во последната вест.