Георги Бошнаков, кој со сопругата и двете ќерки загина денеска откако „цесната“ со која летале од Охрид за Софија падна кај Солунска Глава, бил поранешен шеф на одделот за „Имплементација и одржување на информатики и технологии“ во рамки на бугарсата Агенција за регистрација, информираат бугарските медиуми.
Потоа започнал приватен бизнис и во моментот имал компанија за рециклирање на отпадоци.
Малиот авион од типот цесна П210Н кој попладнево беше изгубен од радарскиот систем се урнал кај Солунска глава, каде и исчезнал од системот. Остатоците од авионот се пронајдени, како и телата на четирите патници – бугарски државјани, информираа за МИА од Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Остатоците од авионот ги лоцирале хеликоптери и спасувачки екипи од МВР. Авионот сообраќал на релација Охрид – Софија.
Претходно, директорот и претседател на УО на М-НАВ, Николче Тасески во изјава за МИА информираше дека воздухопловот попладнево во 16:16 часот е изгубен од радарскиот систем на контролата за летање. Контактот бил изгубен западно од Солунска Глава. Два полициски хеликоптери беа во потрага на изгубената цесна.
-Во 16:16 часот изгубен е контакт со мал воздухоплов тип Цесна П210Н кој летал од Охрид за Софија. Поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да продолжи за Софија, рече Тасески.
Тој додаде дека пред да го снема воздухопловот од радар пилотот пријавил дека има силни турбуленции.
Потоа, започнал приватен бизнис и