Во кампањата на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски се вклучија и уметници кои на народот му подаруваат песни за НАТО, а црвени рози за премиерот Зоран Заев, Пендаровски и кампањата.
Синоќа на митинг излезе поетот за деца Перо Миленковски, долгогодишен уредник на рубриката за деца Колибри во „Нова Македонија“ и со поезија за НАТО го поздрави Пендаровски и лидерот Заев. Поетот за деца доживеа одушевување од присутните во салата со песничката за НАТО.
А познатиот лик од хумористично-сатиричните скечеви на К15, Љубчо Бубо Каров, својот „сатиричен прилог“ го даде со роза за кампањата.
Има уште денови за кампања, ќе гледаме уште доста циркус.