Бугарската погранична полиција денеска на границата со Србија заплени околу 1.500 килограми марихуана скриена во камион, соопшти шефот на царината Георги Костов.
Канабисот бил скриен во камион што превезувал линолеум. Бугарските власти трагаат по српскиот возач на камионот, кој успеал да побегне во шумата во близина на градот Сливница.
Неговиот идентитет е утврден и наскоро по него ќе биде издадена европска потерница, посочи Костов.
Тој додаде дека тоа е една од најголемите заплени на марихуана во Бугарија.
Крајната дестинација на канабисот била Турција.