19-ти век во времето кога сите мислители истакнувале дека секоја нација си има право на своја држава. Ние кога ја слушаме химната се идентификуваме со неа, со историјата на нашиот народ, а тие како да се срамат и плашат од неа. Срамота.
Ова го истакна кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова на митингот во Гостивар.
-Нивната филозофија е составена од 3 збора- кажувам, заборавам, негирам. Ние она што го кажуваме, го помниме, го повторуваме и го спроведуваме, рече Силјановска и додаде:
„Гласот за мене на овие избори, ќе значи глас за правдата за Македонија“.
Може да смените сè, ни татковината никогаш, порача од Гостивар, Силјановска.
Умниот Џорџ Бернард Шо еднаш рекол: „Може да смените облека, но татковина никогаш не може да смените“. Треба да победиме на избори да ја делегитимираме власта, да отвориме пат за парламентарни избори за ново мнозинство, рече претседателскиот кандидат.
Таа заедно со претседателот на најголемата опозициска партија во Македонија Христијан Мицкоски ги продолжува секојдневните митинзи низ државата на кои ги запознава граѓаните со својата политика и што ќе стори доколку биде избрана за претседател.