Изминавме илјадници километри разговаравме со илјадници наши сограѓани, треба да ја кажам вистината, а вистината е јасна и едноставна победуваме, а иден претседател е Гордана Силјановска Давкова, изјави вечерва на митингот во Гостивар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој додаде:

„Ќе ги победиме на 21 април потоа и на 5 мај, а потоа одиме на предвремени парламентарни избори и Македонија назад помеѓу народот. Во тие илјадници разговори секаде разочарувањето од сета онаа лага што ја кажуваа Зоран Заев и СДСМ.“

-Јас сум овде и стојам пред вас гостиварци исправен и ве гледам очи в очи само со една молба, а тоа е да ве замолам да ни дадете шанса да покажеме дека сме поразлични, да видите дека таа шанса ќе биде искористена вистински во насока на тоа да ги подобриме квалитетите на животите на нашите сограѓани, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

По посетата на Центар Жупа и Ростуше, Мицкоски се огласи на Фејсбук:

– Бев во Центар Жупа и во Ростуше. Овде огромен проблем е иселувањето на луѓето и безперспективноста. Овде не поминуваат приказните на Заев и Пендаровски за некаква розева слика, розева реалност, за некаква европска иднина до која никако не може да не однесат. Во Европа со амнестирани криминалци нема, во Европа нема со криминални иновации, со евро за Вицето и евро за црквата. Жално е секојдневието на луѓето од овие краишта. Уште пожална е иднината со овие луѓе на власт. Државата пропаѓа и се соочува со масовно иселување. Затоа мора да се даде надеж, да се донесе правда, да се победи стравот и да се верува дека Македонија ќе успее. А ние заедно ќе го оствариме тоа, напиша лидерот на опозицијата.