Шахтите на скопскиот плоштад денеска се заваруваат од страна на екипи на „Водовод и канализација“.
Од јавното претпријатие информираат дека се работи за пракса која се реализира секоја година од безбедносни причини поради одржувањето на „Скопскиот маратон“ и посетата на ВИП личности.
Во посета на Скопје на 7 мај треба да дојде поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско. Едно од местата на кое ќе престојува папата за време на престојот ќе биде и централниот плоштад во Скопје.